Блинкен ќе ја посети Турција

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, на 7 и 10 декември имаше телефонски разговор со американскиот државен секретар Антони Блинкен за последните случувања во Сирија, јавува Anadolu.

Според информациите добиени од официјални извори, американскиот државен секретар во петок на 13 декември ќе ја посети Турција.

Повеќе детали за посетата на шефот на американската дипломатија се уште не се познати.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп до Орбан: Фантастичен си, знам дека многумина не се согласуваат, но јас сум единствениот што е важен