Кошаркарскиот клуб Куманово на натпреварот кој се одигра во сабота им додели благодарници на дел од кошаркарските асови на градот, кои сега веќе се во пензија, но во младоста дале особен придонес за развој на овој спорт во Куманово.
Претседателот на КК Куманово, Александар Крстевски, им додели благодарници на Соња Саревска, Александар Младеновски и Момчило Ивановски.
На овој начин, клубот сака да им се заблагодари за нивниот придонес во кошарката.
Претходно вакви благодарници добија и други поранешни кошаркари од градот, а ваквата пракса ќе продолжи и на следните натпревари.
Инаку, на последниот меч кој Куманово го одигра на домашен терен, го совлада Еуро Никел со што се искачи на врвот на табелата, каде второто место го дели со Кожув, Работнички, Гостивар и Еуро Никел, додека на врвот е само МЗТ кој им „бега“ со само еден бод повеќе.