Куманово го доби и Еуро Никел (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со резултат 86:85 кошаркарите на Куманово на домашен терен вечерва го совладаа составот на Еуро Никел во рамките на 9. коло од домашниот шампионат.

Loading...

Рамномерна игра имаа двата тима во првите десет минути на паркетот иако Куманово постојано беше во благо водство. Ја доби првата четвртина со еден поен разлика, а веќе во втората избраниците на тренерот Александар Петровиќ имаа вистинска доминација кога го надиграа противникот со седум поени.

На полувреме се замина со предност за Куманово, односно резултат 42:34.

Пад на концентрацијата кај кумановци се забележа по полувремето, но тоа не влијаеше значително на резултатот. Сепак во последната четвртина гостинскиот состав успеа да ја стопи разликата која кумановци ја билдаа претходно, па откако на крајот на мечот семафорот покажа нерешен резултат 79:79, следуваа продолжетоците.

Во продолжението кумановци прикажаа поголема желба за победа, а ја имаа и поддршката од својата публика, па мечот конечно заврши со 86:85.

Loading...

Кај Куманово најдобра игра прикажа Марјан Младеновиќ со 23 поени, со 19 следува Тодор Атанасов, по 13 впишаа Марјан Јанески и Филип Стојановски, а десетка има Горјан Марковски.

Во тимот на Еуро Никел најдобар беше Александер Марзет со 19 поени.

Моменталната состојба на табелата е повеќе од интересна. По 15 бода имаат Кожув, Работнички, Гостивар, Еуро Никел и Куманово, кои го делат второто место, а со само еден бод им бега составот на МЗТ Скопје Аеродром.

Leave a Reply