Речиси фаталното мачење на Сејди Кемп (34) се случило на Божиќ. Доживеала силни болки во бубрезите и веднаш се јавила на лекар, бидејќи е поранешен здравствен работник.
Лекарите утврдиле дека Кемп има камен во бубрегот и брзо ја префрлиле на итната медицинска помош, за да го отстранат. Потоа почнуваат страшни компликации.
Оваа храбра жена и мајка на две деца за време на операцијата добила сепса, која е водечка причина за смрт во болниците.
@sadiessepsisjourney Reply to @mrs.skylar_sheikh sadies story time #sadiesstory #sepsissurvivor #sepsisawareness #brave #viral #fyp #strong #werecover #healing #amputeemum #rockchick #heretostayyy ♬ original sound – Sadie Kemp
За да и го спасат животот, лекарите ја ставиле Кемп во медицинска кома 11 дена!
На крајот морале да и ги ампутираат сите прсти на левата рака! Докторите потоа ѝ ја сошиле раката во кеса во стомакот за да ја одржат циркулацијата на крвта.
– Не бев свесна дека мојата рака ќе изгледа вака, се додека всушност не ми ја испуштија од стомакот. Ја погледнав за прв пат и го мрднав она што ми остана од палецот и си помислив – леле, личи на ајкула – рекла Сејди за својата бизарна мака.
@sadiessepsisjourney #sepsisshark #sepsissurvivor #warrior #strongwomen #keepsmiling #keepswimming ♬ original sound – Sadie Kemp
Нејзините снимки на Ток Ток ги гледаат милиони
За среќа, оваа храбра и непоколеблива девојка брзо ја прифатила нејзината „нова“ рака. Таа сега снима интересни видеа на Тик Ток, кои ги гледаат милиони.
Од друга страна, посочува како се справува и функционира со овој недостаток, сакајќи да ги мотивира другите луѓе кои се борат со слични проблеми.
– Никогаш не сонував дека мојата приказна ќе стане толку популарна. Изгубив многу преку сепсата – моите екстремитети, мојата врска, мојата независност и едноставно не сакам тоа да им се случи на толку многу луѓе, како што се случува. Затоа сакам да свртам внимание на овој голем проблем, кој влијае на човечките животи – вели Сејди.
Таа се плаши и покривот над глава
Покрај тоа, Кемп, која неодамна ја загубила работата во NHS, се плаши дека може да го изгуби својот дом, кој бил обезбеден од добротворната организација по финансиски катастрофалниот развод.
Пријателката на Кемп, Стефани Кинг неодамна создаде страница Go Fund Me за да и помогне на неа и на нејзиното семејство да ги покрие трошоците и придобивките откако беше хоспитализирана со сепса.
Податоците од 2017 година ја поврзуваат сепсата со приближно 11 милиони смртни случаи ширум светот – приближно 20% од годишните смртни случаи ширум светот, според Светската здравствена организација.
@sadiessepsisjourney As requested and filmed by @nquincey baby shark hand 🐟🥳🤣❤️🩹 #sadiesjourney #sepsissurvivor #sepsisinjuries #amputeehumor #strongwoman #GoFundMe #warrior ♬ original sound – Sadie Kemp