Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Куманово е поволна, вели Бојмацалиев (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Безбедносната состојба на подрачјето во надлежност на СВР Куманово е поволна, констатираше денеска  дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Loading...

Бомјацалиев и  директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски остварија работна средба со раководството на СВР Куманово и раководствата на Одделенијата за внатрешни работи Крива Паланка и Кратово.

„Од страна на раководството на СВР Куманово бев информиран за постигнатите резултати во 2023 година, а заклучокот е дека параметрите за вкупниот криминал на подрачјето на СВР Куманово кореспондираат со оние на национално рамниште. Безбедносната состојба на подрачјето во надлежност на СВР Куманово, можам да констатирам дека е поволна, без индиции за нарушување”, истакна Бојмацалиев.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен бегалец од кумановскиот затвор

Како што истакна дополнителниот заменик министер, СВР Куманово има регистрирано 1.241 кривично дело, што споредено со истиот период од минатата година претставува намалување од 3,6 проценти, додека вкупната реализација изнесува 73,2%.

 

 

Во областа на организираниот криминал има зголемување на бројот на откриени кривични дела, каде во 2023 година биле откриени 27 додека во 2022, 16 кривични дела.

Loading...

– Во делот на класичниот криминалитет СВР Куманово бележи зголемување на ефикасноста од 37,1%. На мое големо задоволство, 2023 година на подрачјето на СВР Куманово бележиме намалување на бројот на кривични дела кражби за 5,3% и зголемена реализација од 28,6%. Во текот на месец јануари во 2024 година споредбено со истиот период минатата 2023 година имаме намалување на бројот на кривични дела од 2%. Исто така, во областа на отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје имаме зголемување на бројот на откриени кривични дела – 11 додека во 2023 година биле 5, и исто толку поднесени кривични пријави, посочи Бојамацалиев.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пчиња над просекот. За утре два метео аларми!

Во однос на нарушување на јавниот ред и мир, во текот на јануари 2024 година во однос на минатата година, регистрирано е намалување од 28,8%”, истакна Бојмацалиев.

Ова е прва посета на дополнителниот заменик министер на некој од Секторите за внатрешни работи низ Македонија.

Никола Ивановски