Без вода шест локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Шест локации во Куманово денеска привремено се без вода поради дефекти на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини на водоснабдувањето има на улицата „Никола Карев“, „Живко Чало“,  „11 Ноември“ (сектор стара фабрика на ФЗЦ), „Тане Георгиевски“, „Поток Серава“ и „Др. Рибар“, а без вода е и СОУ Перо Наков.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце