Без вода повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во Куманово денеска ќе останат привремено без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска без вода привремено ќе останат корисниците од улиците „Ѓорче Петров“ бр. 167, „Иво Лола Рибар“ бр. 59, улица „Тоде Мендол“, „АСНОМ“, „Јоско Илиевски“ и „11 Октомври“ бр. 62.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат