Без струја денеска и утре повеќе делови од кумановско

Сподели со своите пријатели

Делови од Куманово и околината денеска и утре привремено ќе остануваат без напојување со електрична енергија.

Како што информираат од Електродистрибуција, денеска во период од 08:30 до 14:00 часот прекини ќе има во липковските села Виштица и Никуштак.

Во период од 09:00 до 15:00 часот денеска без струја ќе остане и селото Клечовце.

Од 09:0 до 15:00 часот без напојување ќе останат корисниците од улиците „Трајко Јовановски“ и „11 Ноември“.

Утре, прекини ќе има кај дел од објектите околу кланицата во селото Доброшане и тоа во период од 08:30 до 14:00 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 45-годишен кумановец баран со потерница за затворска казна

Прекини повторно утре ќе има на улиците „Трајко Јовановски“ и „11 Ноември“ во период од 09:00 до 15:00 часот.

Без струја утре во период од 08:30 до 15:00 часот, ќе бидат селата Војник, Клечовце, Зубовце, Новосељане, Косматац, Мургаш, Кутлибег, Пезово, Кокошиње, К’шање, Скачковце, Колитско, Габреш, Кучкарево, Орман, Градиште и селото Стрезовце.

Од 10:30 до 12:00 часот утре струја ќе нема и на локациите Бејтови ниви, населбата Иго Тричковиќ, село Тромеѓа, село Младо Нагоричане, како и м.в. Баремов цвет и Мајорово трло.

Задутре повторно прекини ќе има на улиците „Трајко Јовановски“ и „11 Ноември“ во период од 07:00 до 15:00 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годшник од Куманово осомничен за тешки кражби, семејни насилства и злоупотреба на лични податоци

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски