Неколку улици во Куманово денеска ќе бидат привремено без вода поради дефекти или интервенции во водоводната мрежа.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини ќе има на улиците „Карл Маркс, „И.Г.Ковачиќ“ бр. 29, „Козјачка“, „Поток серава“ бр. 105 и улица „Козјачка“ бр. 24.
Прекини ќе има и во населбата Вера Которка поради вградување на елементи на затворач на водоводна мрежа, како и затрпување на ров до кота на терен со побивање.
На улицата „Перо Чичо“ бр. 20 прекини во водоснабдувањето ќе има поради утовар и одвоз на вишок земја од претходно изведен ископ на ров за поправка на дефект на водоводна мрежа.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на нормализирање на водоснабдувањето.
Никола Ивановски