Неколку локации во Куманово денеска ќе бидат привремено без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини денеска ќе има кај корисниците од улицата „Прва“ во населбата Долно Којнаре.
Без вода ќе биде и дел од булеварот „Октомвриска револуција“, во околината на поранешен „Мај маркет“, поради прецизно лоцирање на дефект на водоводна мрежа, како и подготвителни работи за поправка на дефект на водоводна мрежа.
Без вода ќе бидат и Градските гробишта, каде што ќе се врши испитување на водоводна мрежа и прецизно лоцирање на дефект на водоводна мрежа.
И кориснциите од улицата „Јане Сандански“ денеска ќе останат привремено без вода поради поправка на затворач на водоводна мрежа во водоводна шахта.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и се очекува набрзо нормализирање на водоснабдувањето.
Никола Ивановски