Без вода неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во Куманово денеска се без вода поради дефекти на водоводната мреќа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улицата „319“ во населбата Ајдучка Чешма, улицата „Гоце Делчев“ – објект Гарнизон каде се врши асистенција на инспекција при рушење на дел од објект, населбата Јане Сандански, улицата „1“ во населбата Долно Којнаре, како и дел од улицата „Индустриска“ (претпријатие „Силекс“).

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава е излезноста во Старо Нагоричане до 17 часот?