Без вода неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во Куманово денеска ќе бидат привремено без вода, поради интервенции и дефекти на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, без вода во текот на денот поради приклучоци на водоводната мрежа ќе биде улицата „Моша Пијаде“, како и улицата „1“ во населбата Долно Којнаре.

Поради дефект на водовдната мрежа прекини во снабдувањето има на улицата „312“ во населбата Ајдучка чешма.

Прекини има и на улицата „Народна револуција“ број 146 поради изместување на водоводна шахта.

Додека пак на улицата „Доне Божинов“ ќе се врши проверка и сервисирање на водоводни затворачи во водоводни шахти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава е излезноста во Липково до 9 часот?

Никола Ивановски