Повеќе делови на кумановско утре ќе останат без електрично напојување, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во период од 04:00 до 07:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од населбата Бедиње, Индустриска Зона, улица „Индустриска“, улица „Божидар Мицковиќ“, Козјак Бетоњера.
Прекини во истиот период ќе има и кај корисниците од улиците „Доне Божинов“, „Фетка Наскова“, „Никола Вапцаров“, „Црнотравска“,, како и населбите Средорек, Горно и Долно Којнаре.
Без струја ќе останат и повеќе села во кумановско – липковскиот регион, и тоа: Сопот, Четирце, Карабичане, Ваксинце, Лојане, Опае, Лопате, Ропаљце, Љубодраг, Ново село, Умин Дол, Лукаре, Стрима, Матејче, Липковска Брана и Граничен Премин Табановце.
Во билтенот на РЦУК, овие прекини се означени како планирани дефекти.
Никола Ивановски