Делови од Куманово во текот на денот привремено ќе останат без напојување со електрична енергија поради најавени прекини.
Како што информираат од Електродистрибуција, денеска во период од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Ѓорче Петров“ и „Бранко Радичевиќ“.
Во период од 09:00 до 11:00 часот прекини ќе има во населбата Ајдучка Чешма, поточно улиците „524“, „525“, „526“, како и дел од улицата „300“ (од бара до магистрала).
Станува збор за најавени прекини поради интервенции во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски

