Без струја денеска и утре повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во Куманово денеска и утре ќе останат привремено без електрична енергија поради најавени прекини.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 07:45 до 08:05 часот без снабдување со електрична енергија ќе бидат населените места: Бејтови ниви, населбата Иго Тричковиќ, село Тромеѓа, м.в.Багремов цвет во селото Младо Нагоричане и м.в.Мајорово трло.

Од 08:45 до 14:00 часот без снабдување ќе останат корисниците на дел од булевар „Октомвриска Револуција“ – згради спроти тениските игрлиште на градскиот кеј.

Прекини во снабдувањето се најавени и за утре, кога во период од 08:00 до 10:00 часот без напојување ќе бидат корисниците од населбата Ајдучка чешма.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со 700.000 евра ќе се реконструира спортскиот комплекс „Соколана“ (ФОТО)

Утре во период од 08:35 до11:30 часот без снабдување ќе останат населените места: Наплатна станица Романовце, како и селата Брзак, Агино Село и Романовце.

О д 08:00 до 09:30 часот во текот на утрешниот ден без снабдување ќе останат корисниците од улицата „Пчињска“.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во мрежата.

Никола Ивановски