Без Русија на следниот „мировен самит“ за украинската криза

Сподели со своите пријатели

Русија нема да учествува на следниот „мировен самит“ за украинската криза, изјави за РИА Новости рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Галузин во врска со информациите добиени од Анкара дека се размислува за нов таков форум, можеби во Саудиска Арабија.

Loading...

Галузин објаснува дека ваквиот став е предизвикан од тоа што Западот се обидува да го надомести неуспехот на неодамнешниот мировен самит во Швајцарија, но без да ја промени својата реторика.

Во Русија, рече тој, сè уште ја слушаат „истата реторика на оние кои залудно се надеваат дека ќе го протуркаат ултиматумот во форма на формулата Зеленски“.

Руската страна исто така јасно гледа дека сите други иницијативи за решавање на кризата намерно се игнорираат, додава дипломатот.

„Тоа е уште една измама. Не прифаќаме такви ултиматуми и не планираме да учествуваме на слични „самити“, заклучи Галузин.

„Блумберг“ претходно објави дека Украина сака да организира нов самит пред изборите во САД, на кој овојпат би биле поканети претставници на Русија.

Тој портал неодамнешната конференција во Швајцарија ја нарече „неуспех“, бидејќи многу земји од глобалниот југ не ја поддржаа „мирната формула“ на Владимир Зеленски.

Сепак, неименувани претставници кои разговарале за Блумберг изјавиле дека не е реално да се организира ваков самит пред изборите во САД.

Loading...

Да потсетиме дека Западот заедно со Украина неодамна одржа самит во Швајцарија, на кој Русија не беше поканета.

Набргу по него Зеленски излезе со изјава дека Киев не сака да се пролонгира украинско-рускиот конфликт и дека следниот мировен самит треба да биде последен, односно дека се планира на него да се покани Русија, со која би сакал тогаш да постигне договор за прекин на конфликтот.

Сепак, Зеленски забрани какви било преговори со Москва се додека на власт е рускиот претседател Владимир Путин.

Да потсетиме, украинската страна веќе еднаш го отфрли речиси постигнатиот договор со Кремљ, по убедување на Британците, а Москва во моментов не го ни смета Владимир Зеленски за легитимен претседател, бидејќи неговиот мандат истече и има нови избори.

Во оваа прилика Русија веќе посочи дека е под знак прашалник колку би бил легитимен каков било договор со Киев.

Исто така, позициите на Москва и Киев се дијаметрално спротивни.

Ова неодамна го потврди и унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој прво го посети Киев, а потоа и Москва.

Според него, двајцата лидери не сакаат прво да се согласат на прекин на огнот, па дури потоа на преговори.

Loading...

Тие сакаат прво да постигнат мировен договор, па дури потоа да прогласат примирје“, рече Орбан, пренесува РТ Балкан.