Бетим Хајдари поднесе оставка од Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Бетим Хајдари од денеска официјално не е член на Советот на Општина Куманово откако едногласно беше прифатена неговата оставка.

Loading...

Хајдари поднел оставка поради вработување на друго место, а беше дел од советничката група на здружението на граѓани „За наше Куманово“.

На неговото место треба да дојде советник од листата на здружението, а според листата кандидати со која „За наше Куманово“ настапи на изборите, тоа би требало да биде Борис Станковски, иако тоа сѐ уште не е официјално.

Никола Ивановски