Бернардо Аревало избран за нов претседател на Гватемала

Сподели со своите пријатели

Поранешниот дипломат и син на поранешен претседател, Бернардо Аревало беше избран на изборите за нов претседател на Гватемала.

Loading...

Според резултатите врз основа на околу 94 отсто од преброените гласови, тој освоил 59 отсто.

Аревало успеа во тоа благодарение на антикорупциската претседателска кампања, при што истакна дека „ќе се справи со корумпираното и авторитарно однесување на претходната администрација“, пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува дека новиот претседател е избран во услови на насилство и несигурност во храната во Гватемала, што предизвика големи бранови на емиграција, па меѓу граѓаните на земјите од Централна Америка кои се обидуваат да влезат во САД, во моментов најбројни се Гватемалците.

Вицешампионот на изборите, поранешната прва дама на земјата, Сандра Торес, ја откажа прес-конференцијата по објавувањето на резултатите.

„Гласав за Аревало бидејќи тој е единствената опција што ја имаме. Гласањето за Сандра ги поддржува истите луѓе кои претходно беа на власт“, ​​рече еден од гласачите.

Аревало постигна голем успех со својата партија Семила, и покрај тоа што на многу други опозициски кандидати им беше забрането да се кандидираат.

Тој неочекувано го освои второто место во првиот круг на гласање, по што неговата партија беше забранета од државниот правобранител, но забраната подоцна беше поништена од Врховниот суд на Гватемала.

Loading...