Цените на бензините од ноќеска на полноќ ќе бидат поголеми за половина, односно за еден денар, додека на Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Според новата одлука малопродажната цена на Еуросупер 95 се зголемуа за еден денари и ќе изнесува 62 денари, додека Еуросупер 98 поскапува за 0,5 денари и ќе чини 63,50 денари.
Малопродажните цени на Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат, остануваат 44 и 32,50 денари за литар. Мазутот М-1 НС ќе биде поскап за 0,703 денари за килограм и ќе изнесува 16,931 денари.
Според Комисијата, новите цени се резултат на повисоката цена на нафтата на светскиот пазар во изминатите две седмици, како и на понискиот курс на денарот во однос на доларот.