Според податоците што се ажурираат во реално време, главните градови на Србија и Индија се менуваат на врвот на листата на најзагадени престолнини во светот, на веб-страницата IQAir Earth.
Нешто пред осум часот Белград беше прв во светот по загаденост на воздухот, со индекс на загаденост 169, објавено е на веб-страницата IQAir Earth.
Истиот индекс беше забележан и во индиската престолнина Делхи.
Бидејќи податoците се ажурираат во реално време, главните градови на Србија и Индија се наизменично на врвот на оваа листа од утрово.
Според податоците на IQAir Earth за загаденоста на воздухот во главните градови, зад Белград и Делхи, Дубаи е на третото место во светот по загаденост на воздухот со индекс 167.
Следат Карачи и Лахоре во Пакистан, Пекинг во Кина, Ријад во Саудиска Арабија.
Инаку, Белград синоќа беше и најзагадениот главен град во светот, пишува РТС.