Белгија оваа зима ќе се соочи со тројна епидемија

Сподели со своите пријатели

Белгија се соочува со потенцијална тројна епидемија оваа зима, бидејќи порастот на бројот на случаи на Ковид-19, во комбинација со зголемувањето на редовните сезонски инфекции на настинки и грип, се заканува да ги оптоварува здравствените услуги над одржливите граници.

Loading...

„Ризикот од тројна епидемија што ќе изврши силен притисок врз нашиот здравствен систем е реалност што мора да се земе предвид“, рече Стивен Ван Гухт, раководител на Одделот за вирусни болести во Институтот за јавно здравје Sciensano, пишува Brussels Times.

Експертите препорачуваат мерките на претпазливост усвоени за време на пандемијата, вклучително и носењето маски, привремено повторно да се воведат за да се ограничат инфекциите и да се намали притисокот врз здравствениот систем на Белгија.

„Ќе биде неопходно да се преиспита носењето маски во болничките чекални, заедно со строга респираторна хигиена“, рече Ван Гухт.

Директорот на Институтот за глобално здравје со седиште во Женева, Антоан Фло, рече дека кризата оваа зима може да личи на ситуацијата од минатата година, кога многу белгиски болници ги советуваа пациентите да се држат подалеку од собите за итни случаи доколку покажат симптоми слични на грип.

„Веројатноста да се појават различни зимски епидемии во исто време е голема, што доведува до ризик од привремено преоптоварување на здравствениот систем, особено болниците“, рече Флао.

Тој предупреди на опасноста од „замор од Ковид“ кај европското население, при што многу граѓани во моментов не сакаат да носат маски и да се тестираат за ковид.

Европа ја намали будноста во однос на здравствениот надзор, а има многу помалку тестирања во некои земји, вклучително и Белгија“, рече Флао.

Loading...

Како што оцени, светот сака брзо да го затвори поглавјето на пандемијата на Ковид, што, додаде, „силно ја мобилизира енергијата и јавната политика речиси три години, пренесува Танјуг.