Белгискиот премиер Александар Де Кро денеска најави дека Белгија ќе побара од Украина појаснување за извештаите дека украинските сили користеле пушки од белгиско производство во конфликт со руските трупи на руска територија.
„Нашето министерство за одбрана и неговите разузнавачки агенции започнаа истрага и бараат информации за да се утврди што точно се случило“, изјави Де Кро за белгиското Радио 1, според извештајот на Ројтерс.
„Европското оружје ѝ се доставува на Украина под услов да се користи на украинска територија за да се одбрани таа територија. Имаме строги контроли за да провериме дали е тоа така“, додаде тој.
„Ние би го сфатиле тоа многу сериозно“
Де Кро се воздржа од коментари за можните последици доколку се потврдат извештаите.
„Не смееме да трчаме пред патот“, рече премиерот, а потоа додаде: „Но, ја анализираме ситуацијата и би ја сфатиле многу сериозно“.
„Вашингтон пост“ во саботата објави дека борците против Кремљ кои минатиот месец извршија напад преку границата од Украина во рускиот регион Белгород користеле тактички возила првично обезбедени од САД и Полска и носеле пушки произведени во Белгија и Чешка.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.