Белата куќа изрази надеж за напредок во преговорите за ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас во Газа додека пратеникот на американскиот претседател Џозеф Бајден за Блискиот Исток Брет Мекгурк се враќа во Вашингтон од посетата на регионот на Блискиот Исток.
Loading...
Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби изјави дека Мекгурк се враќа во САД откако разговарал за заложниците во регионот, објави Ројтерс.
Тој рече дека Бајден денеска разговарал со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси.