Балтимор: Две лица загинаа во пукање, 28 повредени, меѓу кои 14 деца

Сподели со своите пријатели

Две лица загинаа, а 28 се повредени, меѓу кои 14 деца, во масовно пукање во Балтимор, Мериленд, што се случи утринава по забава, соопшти полицијата.

Loading...

Полицијата соопшти дека загинале 18-годишна девојка и 20-годишен маж, а девет лица сѐ уште се хоспитализирани, меѓу кои и неколку кои се во критична состојба, пишува Танјуг.

– Меѓу повредените има 14 жртви на возраст под 18 години, изјави вршителот на должноста полициски комесар во Балтимор Ричард Ворли.

Ворли истакна дека полицијата сè уште трага по уште осомничени и ги повика граѓаните да обезбедат информации или видео снимки кои би можеле да помогнат во идентификувањето на осомничените, пренесе Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Барак и Мишел Обама ја поддржаа Камала Харис

– Со сигурност знаеме дека има повеќе, но не го знаеме точниот број на осомничени, рече Ворли.

Трагедијата го погоди градот Балтимор, 64 километри северно од Вашингтон, на почетокот на празничниот викенд на четврти јули, кога Американците обично се собираат на забави, скари и огномет.

Пукањето се случило нешто по полноќ на забава во населбата Бруклин Хомс, на која присуствувале стотици луѓе, јавуваат локалните медиуми.

Сведок изјави за ТВ станицата Фокс 45 дека се слушнале 20 до 30 истрели.

Loading...