Бајден најави помилување за американските ветерани осудени за хомосексуалност

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден денеска најави отпочнување на процес на помилување на воените ветерани осудени за хомосексуални односи, кои биле незаконски во американската војска се додека таа одредба не беше укината на крајот на 2013 година.

Loading...

Како што јави Ројтерс, администрацијата на Бајден проценува дека оваа мерка може да се однесува на илјадници поединци, поранешни припадници на американската војска, кои биле осудени и отпуштени од вооружените сили поради хомосексуални односи.

– Припадниците на војската на нашата нација стојат на бедемот на слободата и ги ризикуваат своите животи за да ја одбранат нашата земја. И покрај нивната храброст и голема пожртвуваност, илјадници членови на ЛГБТКИ+ заедницата беа принудени да ја напуштат војската поради нивната сексуална ориентација или родов идентитет, рече Бајден во изјавата.

Тие сега би можеле да бидат подобни за помилување, а американските власти размислуваат кои бивши војници би можеле да ги исполнуваат условите.

Ројтерс потсетува дека на крајот на 2013 година американскиот Сенат ја укина забраната за хомосексуалност во војската, а потоа и американскиот претседател Барак Обама ја одобри оваа мерка.