Во текот на 2018. година дигиталните регистарски таблички ќе пристигнат на патиштата во Калифорнија, а потоа се очекуваат и во останатиот дел на Америка.
Компанијата „Ревивер Ауто“ на јавноста ја претстави првата во свет дигитална регистарска табличка и со тоа буквално го ископлицира еден од последните едноставни делови на автомобилот.
Како што се соопштува, дигиталните таблични оваа година ќе се најдат на 100.000 автомобили.
Во суштина „Rplate Pro“ е програмиран монохроматски екран заштитен од надворешните влијание. Благодарение на можноста за поврзување можно е да се менува натписот и по потреба да се додаваат информации.
На автомобилот се поставува доста едноставно, слично како и класичните таблички.
Добра работа е што е предвидена обнова на регистрацијата „онлајн“, без потреба за било каква документација и лепење налепници.
Една од функциите на дигиталните таблички ќе биде при паркирањето на неа да се испише до кога е платен паркингот.
https://youtu.be/A_H6Ix2jsdM
Loading...