Автобус со фудбалери каменуван во Куманово

Сподели со своите пријатели

Автобус со фудбалери од младинска екипа бил каменуван вчера во кумановско Романовце.

Loading...

– На 08.06.2023 во 20.26 часот во СВР Куманово било пријавено дека на наплатна рампа Романовце неколку малолетници фрлале тврди предмети кон автобус со струшки регистарски ознаки, во кој се превезувале членови на младинска екипа на фудбалски клуб, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Притоа, како што додаваат од полицијата, бил оштетен автобусот, а повредени лица нема.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Граната пронајдена во центарот на Куманово