Австралискиот премиер позитивен на коронавирус

Сподели со своите пријатели

Австралискиот премиер Ентони Албанесе денеска објави дека е позитивен на коронавирусот и дека ќе работи од дома додека е во изолација.

Loading...

„Ги охрабрувам сите кои не се добро да се тестираат и да преземат дополнителни мерки на претпазливост за да ги чуваат своите семејства и соседите безбедни“, се вели во изјавата на Албанес, пренесе Ројтерс.

Во октомври Австралија го укина задолжителниот домашен карантин за лицата заразени со коронавирус.

Премиерот Албанесе по втор пат е заразен со коронавирус.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца