Австралија: Новинар реши мистеријата за убиство старо 40 години

Сподели со своите пријатели

На австралиското правосудство му беа потребни четириесет години да го расветли исчезнувањето на Линет Досон.

Loading...

Иако нејзиното тело никогаш не беше пронајдено, нејзиниот сопруг, Крис Досон, беше прогласен за виновен за злосторството благодарение на истрагата на репортер на популарен подкаст за криминал.

Осудата на поранешниот рагби играч Крис Досон следеше по децениските шпекулации за исчезнувањето на неговата сопруга Линет во јануари 1982 година.

Нејзиното тело никогаш не беше пронајдено и немаше непосредни докази за можно убиство.

Крис Досон беше обвинет само за убиство во 2018 година откако подкаст за криминал го анализираше случајот.

Тогаш било утврдено дека имал афера со бебиситерка, што покренала нова истрага.

Крис Досон, кој сега има 74 години, негираше дека го извршил убиството, тврдејќи дека таа го оставила него и нивните две деца, за да веројатно се приклучи на на религиозна група.

Судијата Иан Харисон рече дека доказите се убедливи. Утврдено е дека бил опседнат со тинејџерка бебиситерка и сакал таа да ја замени неговата сопруга.

Loading...

Станал очаен кога му пропаднале претходните планови да ја остави сопругата и бебиситерката сакала да ја прекине аферата.

„Изгледите дека може да остане без неа (бејбиситерката) беше толку фрустрирачка што на крајот го совладаа и тој реши да ја убие сопругата“, рекол судијата.

Само неколку дена откако исчезна Линет Досон, во нивната куќа се преселила бебиситерка. По шест недели пријавил исчезната сопруга.

Правдата стигна благодарение на подкастот

Случајот стар 40 години повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста откако новинарот Хедли Томас го истражи во подкастот „The Teacher’s Pet“.

Во подкастот се наведува дека Досон, кој бил професор во средно училиште, имал афера со 16-годишна ученичка во моментот кога исчезнала неговата сопруга.

Тој подкаст ја освои најдобрата награда за новинарство во Австралија и е прегледан повеќе од 30 милиони пати, на топ листите во Велика Британија, САД, Канада и Нов Зеланд.

Судијата, сепак, рече дека подкастот го компромитира самиот судски процес бидејќи не бил избалансиран.

Судењето беше одложено поради публицитетот што го создаде, а адвокатите на Досон тврдеа дека подкастот влијаел на сведоците и потенцијалните поротници.

Loading...

Затоа пресудата ја донесе судија, а не порота.