Откако во текот на вчерашниот ден поради густата магла летовите на аеродромот ”Александар Велики” беа пренасочувани на аеродромот во Охрид и Приштина, од денес напладне, како што стои на официјалната веб страна на аеродромот, сите полетувања и слетувања се повторно регулирани.
Loading...
Инаку, како што информираше АМСМ, на патиштата низ државата сообраќајот се одвива без забрани по наместа влажни коловози. Намалена видливост до 20 метри поради појава на магла има во околината на Гостивар, а кај Ресен, Ѓавато и Кула видливоста е од 50 до 60 метри.