Авионска несреќа во Тексас: Четворица загинати (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мал авион се урна во округот Лавака во американската сојузна држава Тексас, при што загинаа четворица патници, а уште еден е повреден.

Loading...

Несреќата се случила вчера во утринските часови. Преживеаниот патник е повреден и се наоѓа во болница во блискиот град Викторија.

Фотографиите од местото на несреќата покажуваат остатоци од мал едномоторен авион кој лежи на тревно поле, опкружен со парчиња отпад, пренесува ABC.

Локалните жители велат дека било магла и авионот се урнал на околу еден километар од општинскиот аеродром Јоакум во Тексас.

Црквата Хервест во Џермантаун ја објави смртта на црковните членови Бил Гарнер, Стив Такер, Тајлер Патерсон и Тајлер Спрингер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

– Сите тие беа сакани членови на црквата и едноставно остануваме без зборови од тага – објавија на интернет.

Во соопштението се вели дека пасторот Кенон Вон е единствениот преживеан и дека е во стабилна состојба.

Федералната управа за авијација ги истражува причините за несреќата.

Loading...