Авион Ф-4 се урна во море, спасувачите трагаат по пилотите

Сподели со своите пријатели

Грчките спасувачи трагаат по двајцата пилоти на борбениот авион Ф-4 кој во понеделникот се урна во Јонското Море кај западна Грција, јави државната телевизија.

Loading...

Авионот, кој бил на тренинг лет, се урнал на 25 наутички милји (46 километри) јужно од аеродромот Андравида на полуостровот Пелопонез.

Медиумите објавија дека двајца пилоти се катапултирале од леталото, но властите не можеле да ја потврдат оваа информација.

Грција првпат набави борбени авиони Ф-4 или Фантом од американско производство во 1974 година.