Асанж поднесе жалба против екстрадиција во САД

Сподели со своите пријатели

Адвокатите на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, поднесоа жалба до судот во Лондон да го екстрадира во САД, откако комесарката за човекови права на Обединетите нации (ОН) Мишел Башелет се сретна со неговиот правен тим и семејството во Женева, пишува Гардијан.

Loading...

Асанж (51) е обвинет во САД за шпионажа по 18 точки од обвинението, поради документите објавени во 2010 и 2011 година, а доколку биде осуден, му се заканува доживотен затвор, пишува британскиот весник.

Викиликс соопшти дека правниот тим на Асанж доставил „совршени основи за жалба“ до Врховниот суд на Велика Британија против одлуката на британската министерка за внатрешни работи Прити Пател, која ја одобри екстрадицијата на Асанж во САД во јуни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Човековите права најзагрозени во последните неколку децении

Британскиот суд ја прекина неговата екстрадиција минатата година, но тогаш жалбата на американската влада до Високиот суд беше прифатена, пишува Гардијан.

Жалбата на неговиот правен тим дојде откако комесарката за човекови права на ОН Мишел Башелет се сретна со адвокатите на Асанж и неговата сопруга во Женева.

Џулијан Асанж, кој е австралиски државјанин, се наоѓа во Белмарш, високобезбеден затвор во Лондон од 2019 година, кога Еквадор му го укина статусот на азил во амбасадата во Лондон.