Руската страна не создава пречки за екипирање на американската амбасада во Москва, изјави денеска рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.
Loading...
Тој пред новинарите изјави дека е крајно време да се нормализира ситуацијата во врска со работата на руската амбасада во Вашингтон и американската амбасада во Москва, пренесе ТАСС.
Антонов посочи дека до денес нема пријавување за испразнетото место вработен во конзуларното одделение на американската амбасада во Москва.
Антонов посочи дека затоа руската страна е подготвена да ги разгледа сите барања и да размени визи на взаемно прифатлива основа.