Анкети: Харис води пред Трамп

Сподели со своите пријатели

Демократската кандидатка Камала Харис води пред републиканецот Доналд Трамп со 45 отсто наспроти 41 отсто во анкетата на Ројтерс/Ипсос, која покажа дека актуелната американска потпретседателка предизвикала обновен ентузијазам кај гласачите и ја обновила трката пред изборите на 5 ноември.

Loading...

Предноста од четири процентни поени меѓу регистрираните гласачи е поголема од предноста од еден поен на Харис пред поранешниот претседател во анкетата на Ројтерс/Ипсос кон крајот на јули, објави Хина, цитирана од Ројтерс.

Новата анкета која беше спроведена во текот на осумте дена до средата и има маргина на грешка од два процентни поени покажа дека Харис добива поголема поддршка меѓу жените и Хиспанците.

Харис води пред Трамп со 49 проценти наспроти 36 проценти – или 13 процентни поени – и кај жените и кај Хиспано гласачите.

Во четири анкети на Ројтерс/Ипсос спроведени во јули, Харис имаше девет поени предност кај жените и шест поени предност кај Хиспанците.

Собрани повеќе средства

Но, според анкетата на The Wall Street Journal, таа предност е помала. Се вели дека Харис има еден процент предност пред републиканскиот ривал Доналд Трамп.

Според анкетата, Харис има поддршка од 48 отсто од гласачите, додека Трамп го поддржуваат 47 отсто.

Кампањата на Камала Харис во четвртокот објави дека досега собрала 540 милиони долари во изборната трка против републиканскиот ривал Трамп.

Loading...

Кампањата соопшти дека има зголемување на донациите за време на минатонеделната Демократска национална конвенција во Чикаго, каде што Харис и нејзиниот кандидат, гувернерот на Минесота, Тим Волц, ги прифатија номинациите, пишува АФП.

Кампањата на Трамп претходно овој месец објави дека во јули собрала 138,7 милиони долари, а на почетокот на август имале 327 милиони долари во готовина.