Тешко е да се одржи континуитет на победи во состојба на пандемија, вели кошаркарот на КК Куманово, Александар Андрејевиќ, кој денеска брилираше на натпреварот против Црн Дрим.
– Состојбата во светот е таква, тешко е да се одржи континуитет, кренеме добро да играме дојде Ковид, две недели изолација, тргнеме повторно, пак ковид, така да за секој квалитет е важен континуитет и се надевам дека ќе го одржиме континуитетот. Тргнавме сега и се надеваме дека така ќе продолжиме само да не не спречи оваа генерална ситуација во светот. Тргнавме добро, го држевме натпреварот цело време до крајот, беше тежок натпревар, тешко е да се одржи кондиција и да се игра цел натпревар во полн капацитет, но добро издржавме, задоволен сум секако како играч, а се надевам и тренерот и управата, изјави Андрејевиќ.