АНАЛИЗА: Зошто царува трговијата во Македонија?

Сподели со своите пријатели

Најмогу работници бараат маркетите во земјава. Тие во моментот се најголеми огласувачи на повици за вработување.

Loading...

Овој податок е само уште еден во низата кој покажува дека трговијата царува во Македонија. А, тоа пак е уште еден факт кој укажува дека нема напредок за македонската економија бидејќи трговијата не генерира економски раст туку само увоз.

Дури една третина од активните деловни субјекти во земјава се занимаваат со трговска дејност покажуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика, што ги анализира порталот „Пари.

Иако застарени (последните се заклучно со 2021 година), сепак тоа е сликата, која после три години може да е и полоша. Трговските фирми доминираат и кај банките и се најголеми корисници на кредити.

Од вкупно 276,2 милијарди денари пласирани кај компаниите заклучно со декември 2023 година, дури 82 милијарди денари се кредити за трговците, што е безмалку една третина од вкупните пласмани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови

Кредитирањето на трговците од страната на банките во 2023 година е зголемено за 4% во споредба со 2022 година.

Зошто економијата има проблем кога доминантен сектор е трговијата?

Во структурата на македонскиот бруто-домашен производ, изразена според производниот метод, уделот на трговијата е најголем.

Во четвртиот квартал од 2023 година вредноста на трговијата изнесува 41,9 милијарди денари, а вредноста на вкупниот БДП е 233 милијарди денари.

Loading...

За една година, вредноста на трговијата е зголемена за две милијарди денари. За споредба вредноста на преработувачката индустрија е 31,1 милијарди денари, на градежништвото 17,3 милијарди денари, а на земјоделството 15,2 милијарди денари.

Во последниот квартал од минатата година, секторот трговија како дел од БДП бележи годишен раст од 2,3%, додека преработувачката индустрија има раст од 1,9%, а земјоделството има пад од 15,3%.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  61-годишна Македонка го роди своето прво бебе

Поради овие причини и финалната потрошувачка (206,6 милијарди денари) е главен носител на македонскиот БДП и е речиси три пати поголема од бруто инвестициите (62,7 милијарди денари).

Увозот изнесува 191,8 милијарди денари, а извозот 155,4 милијарди денари, што прави негативна разлика од 36 милијарди денари.

Доминацијата на трговијата го билда увозот. Во првите два месеци од оваа година вредноста на увозот изнесува 107,6 милијарди денари со регистриран минимален пад од 1,1%.

Вредноста на македонскиот извоз е 74,5 милијарди денари, при што е регистриран пад од 9,9%.

Увозот на храна прави бум

Во овој период увозот на храна во земјава бележи вистински бум, односно раст од 17,7%. Ако за два месеци (јануари и февруари) лани биле увезени храна и живи животни во вредност од 8,8 милијарди денари, во истиот период годинава увозот изнесува 10,3 милијарди денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британските власти ја казниja банката Барклис со 48 милиони евра поради сомнителни трансакции

Ова значи дека само за увоз на храна за два месеци земјава платила 167,3 милиони евра. На ова треба да се додаде увозот на пијалоци и тутун во вредност од 18,6 милиони евра.

Loading...

Во вкупниот увоз учеството на производите за широка потрошувачка изнесува 21 милијарда денари.

 

Лошата состојба на македонската економија ја отсликува и платниот биланс на државата во сегментот стоки и услуги. Тој покажува целосна увозна зависност на економијата.

Според податоците на Народната банка, платниот биланс на земјата постојано е во минус поради доминацијата на увозот над извозот.

Притоа состојбите се се полоши – ако во 2003 година минусот во платниот биланс изнесувал 756,8 милиони евра, во 2023 година изнесува 1,8 милијарди евра.

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/zosto-caruva-trgovijata-vo-makedonija/

Loading...

Редакција Пари