На руските сили им требаат околу две недели да соберат доволно проектили и друга муниција за да извршат силен напад способен да ја наруши воздушната одбрана на Украина и да предизвика значителна штета, изјави воен аналитичар за Sky News.
Еден таков напад се случи вчера, кога Русите истрелаа околу 70 ракети кон Украина, оставајќи ја речиси целата земја без струја.
Александар Коваљенко истакнува дека две недели се „просечниот период на пауза“ за Украина откако Русите извршија голем ракетен напад каков што беше вчера.
Вчера, да потсетиме, во руски ракетен напад загинаа 10 лица.
„Русите брзаа да реагираат на одлуката на Европскиот парламент“
Коваленко рече дека пред следниот голем ракетен напад, Русите мора да ги отстранат ракетите од складиштето, да извршат работи за одржување и да ја испланираат логистиката за нов напад.
„Треба да се забележи дека не поминаа две недели од последниот огромен напад на Украина, но и дека вчерашниот напад беше нешто послаб од оној на 10 октомври“, рече тој.
„Очигледно, Русите брзаа да реагираат на одлуката на Европскиот парламент“, рече тој, сугерирајќи дека Москва го извршила вчерашниот напад како одговор на одлуката на Европскиот парламент, кој ја прогласи Русија за државен спонзор на тероризмот.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.