Поради густата магла која утринава се појави низ Република Македонија, на некои места видливоста е намалена и до 50 метри, со што АМСМ препорачува внимателно возење.
Маглата ја има намелено видливоста до 50 метри кај: Kрива Паланка, Страцин, Тетово, Битола, Прилеп, Кичево, Македонски Брод, Кула и Петровец. На останатите патни правци видливоста е од 100 до 150 метри.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, наместа по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините, стои во извештајот од АМСМ.