Американците во потрага по подобар живот доаѓаат во оваа земја

Сподели со своите пријатели

Нејтан Хедлок се преселил во Португалија за да избега од насилството и лошата благосостојба во САД, но и да продолжи да ужива во сонцето и морето што ги обожавал во Калифорнија.

Loading...

„Лисабон ги исполни сите критериуми“, вели 40-годишниот американски претприемач. „Има дури и висечки мост кој изгледа како Голден Гејт во Сан Франциско.

„Мојата партнерка и јас баравме место каде што можеме да забавиме и повеќе да уживаме во животот. Составивме листа на „топ 10“ места во светот и Лисабон брзо заврши на врвот“.

Парот, кој основал семејство откако се преселлр во португалската престолнина во 2020 година, таму ги привлекла климата, добрата храна, поевтиниот живот и можноста за патување во други делови на Европа.

Тие, исто така, сакале да избегаат од помрачните страни на американското општество.

„Една од главните причини зошто луѓето сакаат да се преселат овде е безбедноста на нивните деца. Тие често велат: „Не сакам моето дете да биде застрелано на училиште“, раскажува Хедлок. „Вие во Европа не сте го доживеале тоа, но во Америка тоа е реалност“.

Џен Витман, која се преселила во Лисабон од Калифорнија со сопругот и синот за време на пандемијата, тврди дека Соединетите држави „малку пукаат во шевовите“.

„Инцидентот со Џорџ Флојд, пандемијата, политичките поделби, расизмот… Сето тоа стана пренагласено во Америка“.

Loading...

Важна и е и европската социјална мрежа.

„Состојбата со здравствената заштита во Америка е ужасна. Особено ако сте пензионер со здравствен проблем. Во Америка, болеста може да ве банкротира“, рече таа.

Во Португалија живеат околу 7.000 американски граѓани, што е малку во споредба со 42.000 Британци кои ја направија земјата свој дом.

Но, во последните години доаѓањето на Британците се намалува, додека бројот на Американците е двојно зголемен.

Таму Американците можат да бидат привлечени со португалски „златни визи“, дозволи за престој за странци кои се подготвени да купат недвижен имот или да префрлат капитал во Португалија.

Повеќето од нив, сепак, доаѓаат врз основа на виза Д7, за која е потребен редовен „пасивен приход“ од пензија, изнајмување или инвестиција.

Поинаков менталитет

Џоана Мендока, адвокатка во консултантската компанија за миграција Global Citizen Solutions, разговара со американски клиенти „речиси секој ден“.

„Некои доаѓаат затоа што се дигитални номади и сакаат да работат од куќа покрај море“, рече таа.

Loading...

„Имаме и цели семејства кои сонуваат еден ден да ги запишат своите деца на европските универзитети. И пензионерите кои сакаат да продадат сè во САД за да уживаат во пензионерските денови во Португалија“.

Мендока вели дека Американците имаат поинаков менталитет од другите странски инвеститори кои доаѓаат во Португалија со дозволи за престој и даночни олеснувања. Вели дека навистина сакаат да живеат таму и да се адаптираат.

Хедлок започна како дигитален номад во Португалија, но сега работи во инвестициски фонд кој купува земјиште за маслинови градини и бадеми во ридовите Алентехо.

Таа област јужно од Лисабон го потсетува на долините Напа и Сонома во Калифорнија.

„Португалските Американци“ често велат дека земјата ги потсетува на Калифорнија. „Сурфање, брег, добро вино, љубов кон морските плодови и здравата кујна и малку опуштен начин на живот“, наведуваат како заеднички карактеристики.

Португалија и Хрватска

Како и нејзините сонародници, Витман ги напуштила САД со своето семејство за да ги избегне „поделбите“ кои „ја уназадија Америка и се опипливи штом ќе слетате таму и ќе излезете од авионот“. Но, Португалија не бел нејзиниот прв избор.

„Се обидовме да се преселиме во Италија, но тие воопшто не прифаќаат американски визи“, се сеќава таа.

„Тогаш се запрашавме кој во Европа ги прифаќа Американците. Испаднаа Хрватска и Португалија“.

Loading...

Таа и нејзиниот сопруг сега водат сопствена компанија за дигитален маркетинг и немаат намера да се вратат назад.

„Овде е безбедно. Се чувствуваме безбедно додека шетаме наоколу, се чувствуваме безбедно ноќе. Правиме работи што не би можеле да ги направиме во Америка поради страв“, рече таа.