Америка планира да продаде HIMARS на Австралија за 975 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави ги објавија плановите за продажба на ракетните системи HIMARS на Австралија во договор вреден 975 милиони долари.

Loading...

Австралија сака 22 високомобилни ракетни системи М142, заедно со 60 наведувани повеќе ракетни системи и друга муниција, соопшти Стејт департментот.

„Австралија ќе го искористи ова за да ја зајакне одбраната на својата татковина и да обезбеди поголема безбедност за својата критична инфраструктура. Предложената продажба на оваа опрема и поддршка нема да ја сменат основната воена рамнотежа во регионот“, се наведува во соопштението, пренесува Танјуг.

Продажбата мора да биде одобрена од Конгресот, а преговорите за самиот договор не се завршени, пренесува Блумберг.