Амбасадата на Република Чешка донираше за прифатниот центар во Табановце

Сподели со своите пријатели

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија м-р Митко Чавков и Амбасадорот на Република Чешка во Република Македонија, Мирослав Рамеш,  го посетија Прифатниот центар за мигранти во Табановце. Во рамките на посетата беше потпишана декларација за донација од Република Чешка за Министерството за внатрешни работи, односно за потребите на Прифатниот центар во Табановце.

Loading...

Донацијата се состои од 10 големи шатори (6×9 метри) со систем за греење, 150 кревети со душеци на надувување со соодветни пумпи, 150 ќебиња и 150 вреќи за спиење. Вкупната вредност на донацијата изразена во евра изнесува 38.458 евра.

Донацијата е резултат на активностите во рамки на Салцбуршкиот форум и неговите партнерски земји од Централна и Југоисточна Европа. Имено, на Министерската Конференција во рамки на Салцбуршкиот форум одржана на 04 и 05 мај 2015 година во Санкт Пелтен, Република Австрија беа дефинирани заедничките интереси на земјите учеснички, меѓу кои и подобрување на соработката со земјите на потекло и транзит земјите , како и разгледување на можностите за поддршка на најпогодените земји од мигрантската криза Македонија, Србија, Бугарија и Унгарија. До крајот на годината најавени се уште донации.