Албанес го поддржа предлогот Џулијан Асанж да се врати во Австралија

Сподели со своите пријатели

Австралискиот премиер Ентони Албанес го поддржа предлогот за враќање на основачот на Викиликс Џулијан Асанж во земјата, пред сослушувањето за неговата екстрадиција во САД следната недела во Лондон, и го повика Вашингтон да се откаже од екстрадицијата и да го ослободи Асанж.

Loading...

За таквиот предлог на независниот пратеник Ендрју Вилки, Долниот дом на австралискиот парламент во средата гласаше за враќање на Асанж во Австралија со 86 „за“ и 42 „против“, откако предлогот беше поддржан од лабуристичката влада, пренесе Ројтерс.

Вилки рече дека тоа е „силен политички сигнал испратен до британската и американската влада“. Американските власти бараат Британците да го екстрадираат Асанж.

Тој во моментов е во британски притвор и е обвинет од американските судови за објавување на доверливи американски воени и дипломатски досиеја од страна на Викиликс.

Британците се согласија на негова екстрадиција, а Австралиецот Асанж ги искористи последните правни средства за да се обиде да ја спречи.

Јавната расправа ќе се одржи на 20 и 21 февруари кога двајца судии ќе ја разгледаат претходната пресуда со која Асанж не може да се жали.

Вилки најави дека ќе отпатува за Лондон на сослушувањето.