Активисти: Десетици деца убиени на протестите во Иран

Сподели со своите пријатели

Најмалку 58 деца наводно се убиени во Иран од почетокот на антирежимските протести, а групите за човекови права тврдат дека деца на возраст од осум години се меѓу жртвите на насилството извршено од припадници на државните безбедносни служби.

Loading...

Според тврдењата на иранските активисти за човекови права од организацијата ХРА, од почетокот на протестите на 16 септември во врска со смртта на 22-годишната Махса Амини, биле убиени 46 момчиња и 12 девојки помлади од 18 години биле во притвор на моралната полиција, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Гардијан.

Само во изминатата недела, безбедносните сили наводно убиле пет деца, а меѓу загинатите има и деветгодишно момче, едно од седумтемина убиени во западниот град Изех.

Службите ги обвинуваат „терористите“

Семејството на убиеното момче на погребот потврди дека безбедносните служби отвориле оган врз семејниот автомобил во кој седело момчето, седејќи до својот татко.

Иранските безбедносни служби ја отфрлија одговорноста за неговата смрт, обвинувајќи ги „терористите“ за пукањето.

Нема знаци дека протестите во Иран стивнуваат, а зголемениот број на смртни случаи на деца следи по ескалацијата на насилството во градовите низ земјата.