Актерот Горан Илиќ ја одигра последната премиера пред пензионирање (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Актерот Горан Илиќ вчеравечер ја одигра последната претстава во богатата актерска кариера, пред да замине во пензија оваа лето.

Loading...

Во полната сала на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ колегите и публиката со долг аплауз и награди му го честитаа пензионирањето по скоро пет децении на сцена.

– Трогнат сум многу, навистина не очекував. Велам има уште три месеци, има време, но нема да играме претстави, сега лето е, вели актерот Илиќ кој не го криеше изненадувањето од гестот на колегите.

 

 

До официјално заминување во пензија има уште осумдесетина дена. Официјално во Театар Куманово бил вработен на 1 ноември 1984 година, но и претходно се занимавал со актерство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

– Аматерски во театар сум од 1976 година со улоги, претходно статирав, значи 47 години сум во овој театар, ама имам играно и во други театари, 28 претстави во театари низ Македонија, Хрватска, Словенија…, вели тој.

Loading...

 

 

Вели дека во кариерата имал доста тешки улоги и улоги кои му оставиле голем впечаток, меѓу кои оние во кои бил награден „Гејм овер“, „Лазаревото писмо“, „Страшно е надвор“.

– За мене една од најголемите улоги ми беше улогата на Луков во „Црнила“, таму не добив награда, но се растури жирито кога претседателот на жирито Мери Бошкова рече или Горан ќе добие награда или јас си одам. Тие не се сложија бидејќи година дена претходно добив и сега беше некако непријатно, овде во Македонија прават постојано такви математики, раскажа тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

 

 

Loading...

Претставата за „Кого бијат камбаните“ која вчеравечер Илиќ ја играше со колегите, вели дека е многу тешка и напорна, но дека мора кумановската публика да сфати дека и тоа е театар, а не само смеење и забава.

– Ова е доста напорна претстава и многу работевме два месеци долги проби, многу пеење, кореографии, така да беше доста напорно за мене со оглед на годините и некои здравствени проблеми. Мора да го прифати публиката и треба да престанеме да размислуваме дека театар е само забава. Во театар не мора само да одиш да се смееш, мислам дека со тоа ни падна нивото постојано форсирајќи некои лесни забави и така и животот ни стана, тоа не е баш едноставно, вели тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Имаме нефункционални институции и затоа граѓаните решија ова да го сменат

 

 

По стапките на Горан Илиќ и неговата сопруга Кети Дончевска Илиќ, веќе успешно чекори нивниот син Давид, кој ја носеше главната улога во вчерашната претстава.

Никола Ивановски