Ако работевте за Велигден – ви следува дупла дневница

Сподели со своите пријатели

Новинари и други медиумски работници, келнери, шанкери, готвачи,продавачи, текстилци, градежници, рудари, дистрибутери, лекари и многу други. За најголем дел од нив ќе нема празник, пишува Алфа. Ќе работат четири дена додека траат неработните денови за Велигден.

Loading...

Но дали ќе имаат и финансиски бенефит од својата работа?

Законот вели – да, во пракса ретко кој добива дополнителен надомест за ангажман на празник, викенд, неработен ден. Во општиот колективен договор во приватниот сектор стои дека работникот има право на надомест на плата што му припаѓа во тие денови кога не работи, и плата за деновите кога работи и тоа зголемена за половина.

Компаниите кои ќе ангажираат работници за време на празник и неработни денови треба тоа да го пријават во инспекторатот за труд – велат од Сојузот на синдикати. Работниците кои пак нема да добијат дополнителна плата за својот труд можат да се обратат до синдикатот и да побараат бесплатна правна помош.

Од синдикатот апелираат до компаниите да ги почитуваат ваквите прописи, во спротивно финансиското оптоварување за нив може да биде неколку пати поголемо. Збирните казни за работодавачот кој по разни основи нема да му ја исплати во целост платата за дополнителната и прекувремена работа на вработениот можат да достигнат и 7 илјади евра. За ваков вид на прекршоци, лани синдикатот добил 970 поплаки од работниците.

АЛФА


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *