Ако од грчкото летувалиште го земете овој сувенир, ви следува казна од 1.000 евра

Сподели со своите пријатели

Доколку одлучите од Лаларија, преубавата плажа на грчкиот остров Скијатос, да земете каменче како сувенир, тоа би можело да ве чини 1.000 евра.

Loading...

Image by Dimitris Vetsikas from Pixabay

Имено, властите на островот Скијатос со високите казни сакале да ги сочуваат белутките кои природата ги создвала со векови, а кои туристите ги носат во џебовите и така сериозно го нарушуваат изгледот на плажата позната токму бо белиот камен кој го заплискува кристално синото море.

Image by Dimitris Vetsikas from Pixabay

Геолозите предупредуваат дека континуираното носење на каменчиња од плажата би можело трајно да ја загрози, па властите должд плажата поставиле предупредувања дека казната за тоа е од 400 до 1.000 евра.

Loading...
Image by adi daniel antone from Pixabay

Меѓутоа, не се виновни само туристите за се помалиот број камења на плажата. Многу Грци од Скијатос користеле камења од плажите за декорирање на своите домови и уредување на дворовите.

Image by Dimitris Vetsikas from Pixabay

На Лаларија мже да и се приближи само преку море, а во светот е позната по блескаво белиот камен, тиркизната вода и спектакуларните карпи кои ја опкружуваат.

Leave a Reply