Апликации кои крадат лични податоци преземени дури 4,2 милијарда пати

Сподели со своите пријатели

Ранливите апликации се покажаа како целосно несигурни и можел да им пристапи секој кој посакал без лозинка или било каква проверка.

Loading...

Дури 24.000 апликации за оперативниот систем Андроид можат да ги компромитираат чувствителните податоци за корисниците, вклучувајќи телефонски броеви или лозинки за најава.

Сакале или не, 5G мрежата ќе има широка примена

Чувствителните податоци од телефоните со Android можат да „протекуваат“ поради неправилно конфигурирано складирање на платформата на Google Firebase за развој на мобилни апликации, пренесува RT.

Сериозен безбедносен пропуст е откриен од истражувачите од експертскиот тим на CompariTech, која е фокусирана на безбедноста на податоците и истражувањето на приватноста.

Google Firebase е најпопуларната платформа за чување податоци за Android апликации и ја користат скоро третина од апликациите што можат да се преземат преку Google Play Store.

Дали оставањето на телефонот на полнач цела ноќ е добро или лошо за батеријата?

Во примерок од 515.735 апликации или околу 18% од вкупниот број понудени на Play Store, истражувачите откриле дека дури 4.200 апликации имаат погрешни „безбедносни поставки” и дека информациите за корисниците „протекуваат” од нив.

Loading...

Ранливите апликации се покажаа како целосно несигурни и може да им пристапи било кој, без лозинка или каква било автентикација. Апликациите биле инсталирани дури 4,22 милијарди пати, а меѓу нив биле повеќето игри, покажа истражувањето.

Преку несигурни апликации, можно е да се пристапат до податоци како што се телефонски броеви, лозинки за најавување на разни профили, пораки, IP адреси…

Ова се членовите на надзорниот одбор кој ќе го контролира Фејсбук

Податоците од некои апликации би можеле да бидат изменети, што значи не само дека податоците можат да бидат украдени, туку и дека хакерите би можеле да ги вметнат своите податоци, малициозен софтвер или лажни вести во телефоните на корисниците преку медиа апликации инсталирани на уредите.

Истражувачите велат дека ситуацијата може да биде полоша, бидејќи платформата на Гугл ја користат и другите оперативни системи покрај Андроид.

CompariTech го извести Гугл за своето откритие, изјавувајќи дека интернет гигантот одговорил дека ги предупредувале корисниците за потенцијална опасност, како и дека нивните експерти започнале да работат на решавање на проблемот.

Над 2 милијарди преземања: Апликација која го освои светот

CompariTech ги советува корисниците на оперативниот систем Android да бидат внимателни кога станува збор за информациите што ги споделуваат во апликациите, кога ќе дадат дозвола за пристап до одредени делови од телефонот.

Loading...

Leave a Reply