Ајнштајн бил генијален научник, но еве што можеби не сте знаеле за него

Сподели со своите пријатели

Револуцонерните научни идеи на Ајнштајн направиле неговото име да стане синоним за генијалец, но овој голем човек бил познати и по своите пацифистички ставови и поддршка која ја пружал кон бројни прокети за граѓански права. Сепак, тоа е само дел од приказната за брилијантниот ум на Алберт Ајнштајн.

Loading...

Ајнштајн не бил лош во математика

Децата кои лошо се снаоѓаат во пресметувањето, возрасните често ги тешат дека дури и Ајнштајн имал лоши оценки од математика во младноста, но историските податоци покажуваат дека тој всушност бил исклучителен ученик. Имал најдобри оценки при школувањето во Минхен и предизвик за него била само дисциплината која ја барале неговите професори.

По повеќе од половина век: Еве како настанала најпознатата фотографија на Ајнштајн

Идниот нобеловец го напуштил училиштето на 15 години и ја напуштил Германија за да не мора да служи војска, но пред тоа бил меѓу најдобрите во одделението и дури и тогаш покажувал комплексно знаење во областите математика и физика.

Кога бил објавен текст за тоа како Ајнштајн наводно паднал математика, овој научник тоа го демантирал со изјава дека и пред да наполни 15 години ги совладал диференцијалното и интегралното пресметување.

Што пишувало во писмото на Ајнштајн до девојката која го одбила?

Никој не знае што се случило со ќерката на Ајнштајн

Loading...

Ајнштајн се откажал од германското државјанство и учел во швајцарското политехничко училиште во Цирих, а набргу ја запознал Милева Мариќ со која започнал љубовна врска. Парот подоцна се венчал, и откако Алберт дипломирал, добил двајца синови, но година дена пред да стапат во брак, Милева родила девојче на кои и го дале името Лизерл.

УЧЕТЕ ОД АЈНШТАЈН: Успешните луѓе секое утро си го поставуваат ова прашање

Ајнштајн никогаш не зборувал за оваа дете на своето семејство и неговите биографи долго не биле сигурни дали Лизерл навистина постоела, се додека во осумдесетите години на минаиот век историчарите не пронашле документи за раѓањето на ќерката на Ајнштајн и Милева.

Овие холивудски ѕвезди имаат интелигенција како Ајнштајн

Судбината на оваа девојче и денес е вистинска мистерија. Одредени истражувачи сметат дека Лизерл починала од треска во 1903 година, додека други веруваат дека е посвоена и подоцна живеела во Србија.

На Ајнштајн му требале девет години да го заземе заслуженото место во академскиот свет

Loading...

Овој научник покажал прекрасни резултати во текот на годините минати во Цирих, но неговата бунтовна личност и изостаноците од часови допринеле Ајнштајн да не ги добие најдобрите препораки од професорите по дипломирањето.

Поради тоа овој млад физичар минал две години барајќи работа, додека не се вработил на одредено време во Берн. Иако работата во канцеларија не бил особен предизвик за ваквиот ум, се испоставило дека на Ајнштајн совршено му одговарала затоа што би ја завршел за неколку часа, а потоа остатокот од денот го минувал истражувајќи.

„Теоријата за среќа“ на Ајнштајн продадена за 1,5 милиони долари

Иако неговите први откритија веќе биле револуционерни и овозможиле нобеловецот да влезе во светот на физиката, тој не добил вистинска професорка работа до 1909 година – скоро деценија по дипломирањето.

Пари од Нобеловата награда и дал на Милева Мариќ

По пропаѓањето на бракот со Милева Мариќ, Ајнштајн го напуштил семејството и се преселил во берлин каде започнал врска со својата роднина Елза. Тој и Мариќ официјално се развеле неколку годии подоцна. Како дел од договорот за развод, Ајнштајн и ветил годишна алиментација со парите кои би ги добил од Нобеловата награда, затоа што тогаш не бил сигурен дали ќе ја добие.

Од кој родител ја наследуваме интелигенцијата?

Милева Мариќ се сложила на тоа, а Ајнштајн подоцна и дал пари по приемот на наградата за својот труд на фтоелектричниот ефект. До тогаш, тој веќе ја оженил Елза, со која останал до смртта.

Loading...

Помрачувањето на сонцето му помогнало на Ајнштајн да стекне светска слава

Ајнштајн во 1915 година ја објавил својата теорија на релативитет во која истакнал дека гравитациската сила може да предизвика пореметување во простор и време. Оваа теорија останала контроверзна се до мај 1919 година кога помрачувањето на сонцето му пружило соодветни услови за тестирањена неговите тврдења.

За да ја докаже теоријата на Ајнштајн, англискиот астроном Артур Ерингтон патувал до Западна Африка и го фотографирал помрачувањето. Анализирајќи ги снимките, потврдил дека сончевата гравитација влијае на светлинат аи тоа точно според теоријата на Ајнштајн. Оваа весто го прославила.

По повод 140 години од раѓањето на Ајнштајн изложени 110 ракописи

Новинарите го нарекле новиот Исак Њутн, а тој често зпаочнал да држи предавања ширумс ветот. Како што забележал неговиот биограф Валтер Исаксон, во текот на шест години по помрачувањето, повеќе од 600 книги и текстови биле објавени на таа тема.

Loading...

ФБИ со години го шпионирал овој научник

Набргу откако хитлер дошол на власт, Ајнштајн го напуштил Берлин и се преселил во САД. Го поддржувал пацифизмот, човековите права, либерализмот, што ги навело ФБИ да го шпионираат цели 22 години.

Агентите ги бележеле неговите повици, ја отварале неговата пошта за да откријат дали е советски шпион. По смртта на овој познат физичар, неговото досие имало 1.800 страници.

Ова се познати бегалци кои го промениле светот (фото)

Loading...

Ајнштајн го потикнал конструирањето атомска бомба, а подоцна станал заговорник на нуклеарното вооружување

Во донците 30ти години, Ајнштајн дознал дека новите истражувања на германските научници водат кон правење атомска бомба. Претставите за Судниот ден со нацистите кои имаат вакво оружје во свои раце го убедило да остане со своите пацифистички принципи и да се здружи со унгарскиот физичар Лео Сзлард, кој му помогнал да напише писмо до Рузвелт и да спроведе атомски истражувања.

Иако Ајнштајн никогаш не учествувал во проектот Менхетен, тој подоцна изразил жалење поради учествувањето во ова.

– Да знаев дека на Германија нема да и тргне од рака да направи атомска бобмба, не би мрднал со прст, изјавил Ајнштајн.

Поголемиот дел од овие информации за светот околу нас не сти ги знаеле

Loading...

Замолен е да биде претседател на Израел

Иако не бил религиозен во традицонална смисла, Ајнштајн чувствувал поврзаност со своето еврејско потекло и често зборувал против антисемитизмот. Кога претседателот на државата Хаим Вајцман починал во 1952 година, владат аму понудила да го именува за втор претседател на Израел.

9 факти што сме ги учеле на училиште како вистинити, но потоа се докажало дека се погрешни

Мозокот на Ајнштајн е украден

Ајнштајн починал во 1955 година од анеуризма. Барал неговото тело да се кремира, но тогаш се случил бизарен инцидент. Патологот од Пристон, Томас Харви, спротивно на желбите на Ајнштајн, го извадил неговиот мозок.

Фото: Википедија

Loading...

Leave a Reply