Ова се познати бегалци кои го промениле светот (фото)

Сподели со своите пријатели

Тие останале без ништо, биле очајни, но решителни. Илјадници вакви луѓе секоја година ги напуштаат своите домови, го ризикуваат животот во небезбедни чамци и претрпани камионски приколки.

Loading...

Очите на јавноста се вперевни во бегалците кои се обидуваат да започнал нов живот во Европа. Понекогаш се на удар на насилство од страна на антимиграционите групи, кои во нив гледаат опасност по драгоцените ресурси.

Меѓутоа, историјата изобилува со примери дека бегалци дале траен допринос во области од науката, уметноста, политиката и спортот, а ние ви пренесуваме дел од нив и што самите рекле за себе.

Марлен Дитрих

marlene_dietrich_shop_new

Америка ме прими под своите крилја кога немаше ниту една друга држава вредна на тоа име, но во срцето сум Германка. Германка во дното на душата.

Филмската икона и легендарна кабаретска пејачка својата популарност ја стекнала во 1920-те во Германија. Во 1930 година заминала во Холивуд да гради кариера и со ужас го набљудувала доаѓањето на нацистите на власт во својата татковина. Ја одбила понудата на режимот на Хитлер да се врати во Германија, станала државјанка на САД и настапувала за сојусната војска во текот на Втората светска војна.

Фреди Меркјури

Fredi-Merkjuri

Loading...

И утре да изгубам се, повторно би гребал за да дојдам до врвот.

Фронтменот на рок груата „Квин“ роден е како Фарук Булсара во 1946 година. Неговите родители припаѓало на етничка верска заедница Парска, по потекло од Иран, а живеел на африканскиот остров Зинзибар. Семејството избегало во 1964 година, кога на островот избувнала крвава револуција. Се населиле во предградито на Лондол, каде Фарик ги запознал членовите на идниот бенд.

Алберт Ајнштајн

T1519086_24

Слепото покорување на власта е најголемиот непријател на вистината.

Најзначајниот физичар на 20 век во Германија бил жртва на прогон од стра на нацистите, кои во неговата револуционерна теорија на релативитет гледале „еврејска физика“. Во 1933 година тој емигрирал во САД и никогаш повеќе не стапнал на германско тло.

Глорија Естефан

gloria-estefan--miami-sound-machine-51dea67c0d411

  • Секогаш се трудев да бидам насемјана и работите да ги гледам од позитивен агол, не само поради моите деца, туку и тешкотиите кои ги имав во мојот живот.

Кралицата на латино-поп музика своите први две години од животот ги минала на Хавана, Куба, но комунистичката револуција која ја предводел Фидел Кастро во 1959 година го натерала нејзиното семејство да ја напушти земјата. Заминале да живеат во Мајами, а таткото се вратил ан Куба за да учествува во неуспешната инвазија на Заливот во 1961 година. Глорија има продадено над 100 милиони албуми и има освоени седум „Греми“ награди во текот на својата блескава кариера.

Луол Денг

Loading...

Apr 22, 2013; Brooklyn, NY, USA; Chicago Bulls small forward Luol Deng (9) dribbles the ball against the Brooklyn Nets during game two in the first round of the 2013 NBA playoffs at the Barclays Center. Mandatory Credit: Debby Wong-USA TODAY Sports

  • Многу работи поминав, а денес велам: „тоа е друга приказна“. Преживеавме многу полоши работи.

Денг е роден во 1985 година, во средината на граѓанската војна во Судан, а тогаш со семејството избегал додека бил мало дете. Прво живееле во Египет, а подоцна се преселиле во Британија. Студирал во САД, каде ја започнал и кариерата на успешен кошаркар. Двојната ѕвезда на НБА Олд-стар мечот, има играно за „Чикаго булс“ и „Мајами хит“.

Медeлин Олбрајт

239222_olbrajt1-foto-rojter_orig

Кога ќе го погледнете мојот живот во целина, бев во тешки ситуации со кои се борев сама.

Првата жена државен сектетар во историјата на САД е родена во 1937 година во рогашната Чехословачка. Семејството пребегало во текот на Втората светска војна, а по враќањето биле приморани повторно да заминат откако во 1948 година власта ја презеле комунистите.

Зигмунд Фројд

sigmund frojd

  • Колку напредувавме! Во средниот век ќе ме запалеа, а денес им е доволно да ги запалат моите книги.

Таткото на спихоанализата, кој влијаел на промени за претставата за тоа како функционира човековиот ум, станал бегалец пред крајот на својот живот. Од причина што нацистите, кои ги запалиле неговите книги, во Австрија власта ја презеле во 1938 година, психологот и неговата сопруга од Виена пребегнале во Лондон, каде следната година и починал.

Loading...

Иман

Iman

  • Никогаш нема да заборавам колку тешко е губењето на достоинството – не да просите, туку да бидете беспомошни.

Воениот пуч во Сомалија од 1969 година и неговите крвави последици го натерале семејството на Иман Мухамед Абдулмаџид во сред ноќ да избегаат од Кенија. Многу години подоцна таму ја открил еден фотограф и го исцртал нејзиниот пат кон успешна кариера како модел во АД, каде ја основала и сопствената козметичка компанија, посветена е на хуманитарната работа и е омажена за Дејвид Боувиј.

Виктор Иго

viktor-igo

  • Сакам се што пати за слобода, за татковината и правдата, а имам и малку памет, иако секогаш е болно да газите по туѓо тло.

Големиот француски писател, бил и реномиран политички аткивист. Бил противник на авторитарната власт на Наполеон во средината на 19 век, поради што и морал да избега од Франција и скоро дваесет години да помине во егзил, главно во Гернзија, на британските Каналски острови.

Loading...

Табо Мбеки

Photo copyright Eric Miller / World Economic Forum 2008 Africa Summit, Cape Town, 3 - 6 June 2008 emiller@iafrica.com Thabo Mbeki

  • Имаме цврст став дека Јужна Африка припаѓа на сите кои живеат во неа, било тоа да се црнци или белци.

Додека неговиот татко бил во затвор на островот Рбоен заедно со нелсон Мандела, Мбеки со децении живеел во егзил и помагал во борбата против апертхајдот. Живеел во Советскиот сојуз, Велика Британија и Зимбабве, за да во 1990 година се врати во Јужна Африка и го наследи Мангела на положбата претседател во 1999 година.